1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Истанбулско биенале: Новата уметност на протестирање

Уметниците на овогодишното биенале во Истанбул ги направија јавните места политички форуми. Но тоа не е случајно. Поголем дел од делата се фокусираа на социјалните протести во Турција.

Голема зелена топка постојано удира во бетонскиот ѕид. Тоа е всушност топката за демолирање која ги поздравуваше посетителите на овогодинешното биенале во Истанбул. Со оваа дело, турскиот уметник Ајсе Еркмен сакаше да ја покаже урбаната трансформација на градот. Ова е всушност оддек на чуствата на кураторот Фулија Ердемчи.

„Под слоганот 'мамо, дали сум јас варварин', сакаме да ги вратиме исклучените и потиснати од општеството, преку уметност, таму каде им е местото“, вели Ердемчи.

Јавните простори како политички форум, беше фокусот на овогодинешната изложба, кој и не може да има поактуелна тема.

Повторно „запалени“ јавни протести

Кога првите туристи дојдоа да уживаат во биеналето, беа изненадени од нов бран на протести. Солзавец и водени топови беа користени да се растераат протестантите.

Една од причините за обновениот јавен гнев е убиството на Ахмет Атакан, кој беше убиен додека протестираше во Анкара. Очевидци и пријателите на убиениот ја обвинија полицијата, и велат дека тој бил убиен од конзерва со солзавец која го погодила во главата. Убиството на Атакан разбуди нови протести низ земјата. Според медиумите, околу 40 луѓе биле уапсени само во Истанбул, што преставува нов бран на протести по оние во Гези паркот.

Biennale in Istanbul 14.09. - 20.10.2013

Ајсе Еркмен сака да ја покаже урбаната трансформација на градот

Токму поради овие протести оригиналниот план за изложбата на Фулија Ердемчи беше променет. Веќе две години, јавните места во Истанбул беа закажани за изложба на делата на осумдесет и осум меѓународни уметници. Местата како што се Гези парк, Таксим, области во градот кои се под закана на рушење, и загрозени национални паркови сега станаа главна тема на дискусија. За четиринаесет од проектите, Ердемчи аплицирала за дозволи кај истанбулските власти и Федералното министерство за култура, но никогаш не добила одговор. Истанбулските власти го подржаа начинот на кој полицијата одговори на протестите, па затоа и тие беа цел на протестите.

Кураторот Фулија Ердемчи, спонтано ги повлече барањата за изложба на пет места. „Не сакаме да работиме со истите власти кои се обидуваат да го задушат гласот на народот, и оваа мирно движење“, изјави таа во знак на солидарност. Таа вели дека нејзиното повлекување праќа силна уметничка и политичка порака.

Парковите, политички форум

Низ биеналето, уметниците ќе имаат прилика да учествуваат на протестите. Германскиот уметник Кристоф Шефер е еден од нив. Неговите цртежи се фокусираат на значењето на парковите како политички форуми. Истанбулскиот Гези парк е одличен пример за политиката во јавните простори. Четири часа студенти, професори, уметници и доктори, седеа заедно во паркот и разговараа за политика - или едноставно свиреа некоја музика.

„Како резултат на ова, јавната и политичката дебата добиваат комплетно различен квалитет“, вели Шефер.

Biennale in Istanbul 14.09. - 20.10.2013

Кристоф Шефер

Еден од цртежите на Шефер прикажува еден парк во Хамбург. Шефер учествуваше во проект „Паркот фикција“, уметнички и социо-политички концепт во еден парк во Хамбург, кој е прекрасен пример за јавна уметност. Преку нивните идеи и цртежи, соседите учествуваа во дизајнот на паркот. Како знак на солидарност, преку ноќ паркот беше преименуван во „Гези паркот фикција“.

„Политичките движења во другите земји можат да научат нешто од движењето во Истанбул затоа што протестите беа организирани паметно“, вели уметникот.

Биеналето не е израз на „јавна непослушност“ како што го нарекуваат медиумите, вели Шефер, тоа всушност претставува одраз на настаните во Истанбул. Тој додава: „Во изложбата сите болни точки се експлатирани, но денеска луѓето сами си создаваат своја политичка платформа, па така биеналето не е единствента светла точка“.

За него значењето на биеналето е намалено, затоа што гневот на луѓето е веќе истурен на улиците.

Türkei stummer Protest

Ердем Гундуз

Уметноста на „тивкиот протест“

Турскиот уметник и кореограф Ердем Гундуз, исто така можеше да биде виден на биеналето. За време на летните протести, Гундуз им даде политичка платформа на протестите. Тој стоеше немо без да изусти збор и го нарече чинот „Човекот кој стои“. Стотици илјади луѓе го имитираа чинот и му се придружија, стоејќи со часови на плоштадот. Тоа беше една алтернатива на бучното масовно протестирање. На биеналето тој читаше на различни теми, вклучувајќи ги тука и луѓето од Гези паркот.

„Уметноста не е толку далечна од обичниот живот, исто како и 'Човекот кој стои'. Луѓето подоцна разбраа дека уметноста е важна затоа што човек го напрви тоа, а тој е уметник“, вели тој.

Уметноста против плановите за градба

Покрај Гези паркот, и финансиската криза беше дел од изложбите на биеналето, вели ко-кураторот, Андреа Филипс. Оваа тема во моментов во Инстанбул е многу интересна затоа што економијата во градот расте. Како и да е, тука постојат проблеми со капитализмот, додава Британецот.

„Треба само да погледнете во ситуцијата со домувањето и се‘ ќе ви стане јасно. Овој проблем беше дел од инспирацијата за протестите. Поголем дел од зградите во центарот на градот во близина на биеналето ќе бидат срушени, а на нивно место ќе бидат изградени луксузни апартмани или трговски центри“, додава тој.

Biennale in Istanbul 14.09. - 20.10.2013

Фото-проектот на Серкан Тајкан

Серкан Тајкан е еден од уметниците кои го адресира проблемот со контроверзниот план за градба. Тој го фотографирал шеесет километри долгиот пат, кој се протега преку северно- јужна оска од Црното Море до центарот на градот на Мраморното Море. Патот го следи градежниот план за Истанбул, истанбулскиот канал како втора босфорска река, третиот мост преку Босфор и третиот аеродром.

„Ова нѐ погодува нас жителите на Истанбул. Со овој пат сакам да им дадам на луѓето прилика да ја искусат трансформацијата“ вели Тајкан, додавајќи дека за пет години патот нема да постои во неговата сегашна форма.

Со ваквиот потег, Тајкан ја погодува болната точка на Турците. Протестантите често ги опишуваат плановите за градба на владата како „мегаломански“ и „непотребни“. Дури и економистите ги гледаат плановите на владата како смешни, и преферираат да видат повеќе инвестиции во здравството и образованието.

Ументност за луѓето

Преку проектите како што се топката за рушење, и патот низ фотографии, турските граѓани се чуствуваат разбрано. „Луѓето сега живеат во тешко време, многу сме задоволни што уметниците посветуваа време на човековите права и економската состојба“, рече еден Турчин кој го посети биеналето.

Биеналато заврши на 20. октомври, но неговот ехо веќе се забележува. „Овие изложби се гледаат како израз на блискост, што обично не е присутна на вакви настани“, вели Кристоф Шефер.

Еден шведски турист патувал до Истанбул само за да го види биеналето. Тој вели: „Сум бил на повеќе биеналиња, меѓу кои и онаа во Венеција, обично не сум заинтересиран за 'политичка уметност', но ова биенале е некако поразлично, затоа што темата се за него се промени така спонтано под влијание на политичките настани“.