1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Исполнувањето на реформите ќе го донесе датумот за преговори

ЕУ останува на ставот дека исполнувањето на реформите е единствениот пат по кој Македонија може да дојде до датум за почеток на преговори за членство во ЕУ.

default

Еврокомесарот за проширување Оли Рен

Ваквиот став по којзнае кој пат претпладнево во Брисел го повтори еврокомесарот за проширување Оли Рен, овој пат на македонскиот претседател Бранко Црвенковски.Рен изјави дека очекува македонските власти да прејдат од зборови на дело. Претседателот Бранко Црвенковски ветил дека земјата има капцитет забрзано да работи на реформите. Попладне, шефот на државата ќе разговара со високиот претставник за надворешна политика и безбедност на Унијата Хавиер Солана.