1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Иследници на Скотланд јард во Москва

Денеска во Москва се очекуваат деветмина иследници на Скотланд Јард, кои се занимаваат со случајот Литвиненко.

Возила на британската полиција пред хотелот во кој бил отруен Литвиненко

Возила на британската полиција пред хотелот во кој бил отруен Литвиненко

Експертите на британската служба за борба против криминалот се особено заинтересирани за она што имаат да го изјават луѓето кои на 1. ноември пиеле чај со поранешниот таен агент на руските тајни служби Александер Литвиненко. Херман Краузе испрати извештај од Москва за атмосферата што ги дочекува.

Една од двете клучни фигури, за кои се претпоставува дека се вмешани во труењето со радиоактивна супстанца на Литвиненко, е Андреј Лугавој. Тој бил порано соработник на руските тајни служби, но сега се занимава само со бизнис.

“Од своја страна јас уште тогаш воспоставив контакт со Скотланд јард и разговарав со еден детектив во Лондон. Нему му објаснив каде може да ме најде во Москва. Јас лично меѓутоа нема да одам за Лондон, со оглед на хистеријата во врска со целиот случај што се крена во западните медиуми.“

Лугавој освен тоа нагласува дека Литвиненко бил заинтересиреан исклучиво за економски теми. Тој наводно сакал да вопостави контакт меѓу британски и руски стопанственици. Тезата дека поранешни соработници на руските тајни служби сакале да му се одмаздат на поранешниот колега, решително ја отфрли рускиот министер за одбрана Сергеј Иванов:

“Не гледам никаква подлога за таквите шпекулации во западниот печат. Тие тврдат дека Литвиненко знаел премногу, но тоа воопшто не и‘ соодветствува на реалноста. Неговиот оддел беше основан во 90-тите години и се занимаваше со надзор на транспорти.“

На викендот во Моксва се проширија гласини дека полониумот со кој бил затруен Литвиненко потекнува од една руска нуклеарка во Сибир. Министерот за атомска енергија Сергеј Киријенко решително ги демантираше гласините. Воопшто повеќето руски политичари во случајот гледаат еден вид завера на Западот, со цел да му се наштети на угледот на Русија. Експерт на руските тајни служби дури тврди дека сето го инсценирала ЦИА за да му даде поткрепа на барањето за ставање на руските нуклеарни реактори под контрола. Таквото барање навистина редовно доаѓа од американската администрација. Шефот на надворешно политичкиот одбор на рускиот парламент Анатоли Козачов коментира:

“Постојано се бара некој виновник и се тврди оти Русија не се однесува како целиот цивилизиран свет. Таа треба значи да биде изолирана. Тоа е реакција на новата силна Русија.“