Исланд - прва држава со закон за еднакви плати на мажите и жените | Економија | DW | 03.01.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Исланд - прва држава со закон за еднакви плати на мажите и жените

Нова година, нови закони: во Исланд еднакви плати сега се гарантирани со закон. Тоа е прва држава во светот каде јавните и приватните претприајатија се обврзани на работниците да им исплаќаат еднакви плати за иста работа

Жените во Исланд досега заработуваа до 19% помалку од своите машки колеги. Сега на таквата пракса ѝ се става крај - исти плати за иста работа, независно од полот, етничката припадност, сексуалното определување или националноста. Ваквите ефекти можат да ги почувствуваат околу 150.000 работници.

„Досега разликите во платите одеа на штета на жените. Овој процес е скап и за да ја постигнеме целта, ќе мора сите напорно да работиме. Сега ја имаме перфектната шанса за тоа“, оцени министерката за социјала Роза Инголфсдотир.

Island Proteste wegen Gender Pay Gap (Arnór Birkisson/BSRB)

Протести против разликите во платите во Исланд во октомври 2016 година

Околу 1200 претпријатија, кои вработуваат по минимум 25 работници, ќе мора да ги спроведат новите правила и да ги објават платите. Министерството за социјала за нив нуди курсеви. На крајот претпријатијата ќе добијат сертификати, кои ќе мора да ги обновуваат секои три години. Според министерката Инголфсдотир „ефектите ќе бидат видливи пред сѐ кај работодавачите“. „Тие нудат работни места и сега треба да покажат одговорност и да станат дел од оваа мисија“, рече таа.

Повеќе на темата: 

Женската рамноправност напредува со темпо на полжав

Досегашните дупки и разлики во платите би требало конечно да бидат затворени најдоцна до 2022 година.

 

DW.COM