1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Исландската политика на суд

Во Исланд денеска завршува еден историски судски процес. Поранешниот премиер Геир Хаарде одговара поради финансиската криза. Случајот предизвика огромно внимание во светот.

Светот на Геир Хаарде пред околу четири години беше се‘ уште во ред. Тој како премиер беше омилен кај своите сонародници, а Исланд гледаше во иднината со целосна самодоверба. Потоа островската држава влезе во вителот на финансиската криза. Идилата имаше мачен крај. Есента 2008 година најважните банки во земјата банкротираа, голем дел од 320.000 Исланѓани ги загубија своите заштеди. Нивниот бес беше насочен против Хаарде, кој беше обвинет дека при справувањето со кризата направил големи грешки. Речиси преку ноќ економистот беше исправен пред урнатините на својата политичка кариера. По демонстрациите во земјата, тој во јануари 2009 година поднесе оставка на премиерската функција.

„Жртвен јарец“

За 60-годишниот поранешен шеф на конзервативната Партија на независност можеше да биде и полошо. По долг период на подготовка, на петти март

Isländer stimmen über Schuldentilgung ab

Протести во Рејкјавик поради кризата (2010 година)

годинава, во Рејкјавик почна судскиот процес околу неговата улога во финансиската криза. Ако биде прогласен за виновен, му се заканува парична казна или дури и двегодишна казна затвор. Денеска (15.03) завршува претресот, но кога ќе биде соопштена пресудата не се знае. Многумина набљудувачи се прашуваат дали обвинението е воопшто правно оправдано.

Кристијан Ребан, експерт за Исланд во „Научната група за северноевропска политика“ на универзитетот Хумболт, вели: „Во уставните и законски правила маневарскиот простор е широк. Тоа навистина беше политичка, а не правна одлука.“

Хаарде ги отфрла обвинувањата со аргумент дека никој во тој момент не можел да ги претпостави димензиите на кризата. Тој се гледа себеси во улога на жртвен јарец. „Поради тоа што процесот беше партискополитички инструментализиран, на Хаарде му беше лесно да се инсценира себеси како жртвен јарец“, вели Ребан.

Партискополитички игри

Ребан укажува на внатрешнополитичката состојба во Исланд пред судскиот процес. Во фокусот на истражната комисија на почетокот биле уште тројца министри, но по гласање во парламентот одлучено е тие да не одговараат.

Christian Rebhan

Кристијан Ребан

Хаарде поради тоа го обвинува левото парламентарно мнозинство за политичка игра. Според него, министрите социјалдемократи, кои во тоа време беа дел од неговата владејачка коалиција, требало да бидат исто така обвинети. Она што е неспорно е дека во време на мандатот на Хаарде во Исланд постоеше фатална мешавина од законски дупки, недоволна будност на надзорните институции, како и мешање на политиката и финансиската бранша. Сето тоа беше причина Исланд да стане простор за игра на финансиските коцкари.

Каква и да е улогата на поранешниот премиер во сето тоа, судскиот процес веќе сега е историски. Хаарде не само што е првиот врвен политичар во светот што одговара пред суд за финансиската криза, туку неговиот случај е и прв случај на специјалниот суд, инаку основан уште во 1905 година. Исланд е една од малкуте земји во светот во која политичарите можат да се најдат пред суд поради повреда или неисполнување на нивните обврски.

Контроверзи

За случајот се дебатира жестоко на интернет-форумите и во политичките фељтони. Коментаторите и блогерите кои бараат да се понесе лична одговорност за тешки политички грешки, го поздравуваат исландскиот процес

Prof. Christian Tomuschat

Кристијан Томушат

како пример за другите. Професор Кристијан Томушат, познат германски експерт по меѓународно право од универзитетот Хумболт во Берлин, не го дели ваквото мислење. Тој за ДВ вели дека се подразбира само по себе оти врвните политичари мора да одговараат за погрешните политички одлуки, но „тоа да се прави во форма на кривична постапка е нешто ново и не е којзнае каков пример, затоа што одговорноста за одлуките во една демократска држава не ја носи само една личност, туку целиот владејачки систем одговара за одлуки кои имаат широко влијание.“

Сепак, Томушат признава дека судскиот процес има позитивен ефект во еден дел: „Тој може да биде сигнал за поинтензивно размислување за одговорноста на политичарите, во смисла дека политичките одлуки не треба да се носат само со поглед на наредните избори.“

Автор: Ралф Босен / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Симе Недевски