1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Исламска конференција

Германскиот министер за внатрешни работи Волфганг Шојбле на втората средба на германската исламска конференција во Берлин ја потенцира нужноста од дијалог меѓу културите.Тој истовремено побара трпение од двете страни.На средбата и натаму како спорно беше оценето барањето на новиот Координативен совет на муслиманите, кој сака да настапува од името на околу три милиони муслимани во Германија.

Конференцијата инаку е замислена како долгорочен процес на преговори и комуникација меѓу државата и претставниците на муслиманското население.