1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Исламисти уништуваат гробници во Тимбукту

Во пустинскиот град Тимбукту продолжува уништувањето на објекти стари повеќе столетија. Исламистички групи, велат очевидци, уништуваат гробници во најголемата џамија во градот.

Исламистичките бунтовници продолжија со уништување на повеќе векови старите објекти во пустинскиот град Тимбукту во Мали. Според очевидци, денеска тие почнале да уништуваат гробови на најголемата џамија во градот. „Тие ќе уништат два мавзолеја на најголемата џамија“, вели еден очевидец. Друг очевидец вели дека исламистите стрелале во воздух, за да ги протереаат љубопитните. Очевидците велат и дека бунтовниците ги уништувале гробовите кои биле направени со карактеристичната глинена архитектура, со длабење.

Mali Timbuktu Ansar Dine Islamisten Gruppe Mausoleum

Бунтовниците се заканија дека ќе продолжат да уништуваат стари објекти

Исламистите кои владејат во регионите на северот на Мали на крајот на јуни започнаа да уништуваат објекти кои се вбројуваат во светското културно наследство.

На крајот на јуни членови на исламистичката бунтовничка група „Ансар Дине“ веќе урнаа седум од вкупно 16 мавзолеи во пустинскиот град и најавија дека ќе уништуваат натамошни споменици „без исклучок“. Пред една недела тие уништија и една врата на Сирди Јахја џамијата. Според локалното верување отворањето на оваа врата носи несреќа.

Исламистите сметаат дека обожувањето на светци е спротивно на исламот, и верниците треба да веруваат само во Алах. Светците меѓутоа играат голема улога во верата на населението како заштитници на градот.

Исто како и светите гробови и трите големи џамии во Тимбукту потекнуваат од најплодниот периодот на градот од 14. до 16. век, кога тој беше важен крстопат и центар на исламските учени лица. Од 1988 година градбите се прогласени за светско културно наследство.