1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Исламистите демонстрираат пред Уставниот суд во Каиро

Стотици приврзаници на египетскиот претседател Мохамед Мурси ја минаа ноќта пред зградата на Уставниот суд. Судот ја одложи одлуката околу уставноста на Уставното собрание.

Уставното собрание е тело чие распуштање со декрет го забрани египетскиот претседател Мохамед Мурси. Уставните судии требаше да донесат одлука околу уставноста на ова тело. Уставното собрание во петокот (30.11) изутрина, по итна постапка му даде зелено светло на нацртот на новиот устав. Гласањето беше бојкотирано од страна на либералните, секуларните и коптските членови на Собранието. На 15 декември, на референдум, граѓаните на Египет треба да гласаат за новиот устав.

Опозиционерите и борците за човекови права ги обвинуваат исламистите дека со новиот устав си ја зацврстуваат власта и дека сакаат да подготват терен за натамошна исламизација на државата и општеството. Цел на критика се

Mohammed Morsi Präsident von Ägypten

Мoхамед Мурси упати повик до сите граѓани да излезат на референдум

особено ограничувањето на правата на жените и на верските малцинства, како и големите овластувања на претседателот на државата. „Мурси на референдум го става нацрт уставот кој ги одзема основните слободи и ги крши универзалните вредности. Борбата продолжува“, напиша во својата порака на Твитер опозиционерот Мохамед Ел Барадеј.

Уставниот суд во текот на летото прогласи за неуставно едно поранешно Уставно собрание. За да спречи тоа истото да се случи и овој пат, египетскиот претседател Мурси на 22 ноември со декрет забрани распуштање на Уставното собрание.