1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Искршена спомен плочата за Мара Бунева

Непознати сторители ноќеска (12/13.01) повторно ја искршиле спомен плочата на Мара Бунева, на кејот на Вардар во Скопје, што вчера ја поставија претставници на неколку бугарски здруженија.

Спомен плочата беше поставена во чест на одбележувањето на 86 години од атентатот врз Велимир Прелиќ, што на 13-ти јануари 1928-ма година, го извршила Бунева, по што се самоубила.

Во организација на Бугарскиот културен клуб, вчера во црквата Св. Димитрија во Скопје се одржа панихида за Мара Бунева, а потоа на кејот на реката Вардар беше поставена нова спомен плоча.

На панихидата присуствуваа поддржувачи на ликот и делото на Мара Бунева, како и гости од соседна Бугарија

И минатата година истите здруженија ја поставија спомен плочата на Мара Бунева, но и тогаш таа не го дочека утрото, односно уште првата ноќ беше скршена. Полицијата излезе на терен за да изврши увид на местото на настанот.

Поврзана содржина