1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Искористување на природните резерви - виза за иднината

Руско - украинската војна за гасот, конфликтот околу иранската атомска програма и спората обнова на Ирак - политичаката ситуација влијае и врз енергетската безбедност во светот. Цената на нафтата достигнува една по друга рекордна висина - во ова се барем единствени мислењата на учесниците на форумот „Ворлд Енерџи Дајалогс“ на саемот во Хановер.

Иднината е таа која светот го фрли назад во минатото. А во Хановер во моментов иднината има едно име: Индија. Застапена преку заменикот министер за енергија Р.В. Шани „За наредните 30 години на Индија двојно ќе ги зголемува своите капацитети секои десет години.“

Минатото, кое ги предизвика овие планови заедно со нафтената глад на Кина тоа се седумдесетите години: нафтениот шок, кога по прекин на испорачка на арапските земји цените се зголемија од три на пет долари. Денеска центата на нафтата ја надмина границата од 70 долари. Притисокот врз потрошувачите и производителите е толку голем како што не бил во последните 30 години. Дури и во Норвешка, земја богата со нафта, како што вели претседателот на фирмата Хидроелектролејсерс Кнут Харг „Во Норвешка во моментов е отворено нафтено поле, кое лежи илјада метри под нивото на морето каде температурите на водата се под точката на смрзнување – дури и во топла летна ноќ. Дека ќе се отварат вакви полиња, пред неколку години тоа беше незамисливо.“

Седумдесетите години, тоа беше вистинскиот израз за „границите на развојот“. Под овој наслов римскиот клуб тогаш објави мрачна прогноза: без драстични мерки во политиката за заштите на животната околина на светот му се заканува катастрофа по однос на природните ресурси и глобална глад. 34 години подоцна претседателот на клубот принцот Хасан од Јордан извлекува биланс

„Во изминатите три децении беше игнорирано ова мрачно предупредување.“

Неговиот сегашен предлог: северот и југот мора позасилено да соработуваат „Ако погледнеме во нашиот дел на земјата гледаме пустини исполнети со сонце. Од сончевата енергија растат растенијата и морската вода ја претвара во дожд. Може ли сончевата енергија да се претвори во гориво за нашата цивилизација? Како основа на еден сигурен, спроведлив и оддржлив енергетски систем?“

Претседателот на енергетскиот концерн ЕнБеВе, Утц Класен пак смета „Тоа може само да функционира ако ги надминеме разликите меѓу регионите. Регионите каде има многу сонце и доволно ветер и регионите кои ја конзумираат енергијата.“

Премостување би било можно со така наречени енергетски складови, еден таков е водородот. Во пустините на југот со помош на соларната енергија се произведува водород, кој потоа во согоривите ќелии насекаде во светот може повторно да се претвори во енергија. Звучи примамливо, но во моментов овој процес сега е прескап. Чиста, евтина енергија – тоа сеуште е план за иднината.