1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

И дијаспората протестира

Б. Георгиевски25 април 2016

Бранот протести кој ја зафати Македонија се шири низ целиот свет. Деновиве Шарената револуција доби поддршка во Њујорк, Виена, Мелбурн, Берлин... Во некои земји за првпат, некаде веќе станува „традиција“.

https://p.dw.com/p/1Ibyi
Фотографија: DW/P. Stojanovski

„Поддршка за СЈО“, „Оставка од Иванов“, „Стоп за корупцијата“ „Чесни избори“, „Нема правда, нема мир“. Со скандирање и транспаренти дијаспората ширум светот им изразува поддршка на протестите и на ткн. Шарена револуција во Македонија.

Македонските политички лидери минатата недела не ја видоа Виена, но Виена ги виде Македонците. Повеќе десетици луѓе се собраа на Плоштадот на хероите (Хелденплац) да му изразат поддршка на СЈО и да го искажат незадоволството поради случувањата во Македонија.

Во неделата и холандскиот Амстердам почувствува дел од шармот на Шарената револуција.

На протестите, меѓу транспарентите се најде и поракaта: „Си ја сакаме земјата, се срамиме од владата“.

Во саботата, по вторпат на протест излегоа и Македонците во Њујорк.

„Нема правда нема мир“ одекнуваше во Централ парк каде десетици луѓе мирно протестираа.

Во Мелбурн, Австралија пред зградата на македонскиот конзулат своето незадоволство го изразија десетици иселеници.

За првпат викендот на улица излегоа и иселениците во Лондон кои добија поддршка и од бројни пријатели и познаници. Видео

Поддршка стигна и од Етиопија, од каде македонскиот иселеник Јетон Старова заедно со своите соработници порача „Нема правда, нема мир“.

На 21 април во близина на Бранденбуршката порта во Берлин протестираа и бројни иселеници во главниот германски град.

Во неделата протести одржаа и иселениците во Торонто, Канада.