1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Иселениците добиваат совет за полесна комуникација со Македонија

Македонската Агенција за иселеништво формираше Совет со задача-зацврстување односите на дијаспората со матичната земја. Така треба да се интензивираат контактите и да се олесни решавањето на административните потреби.

default

Колку точно македонски иселеници има во светот?

Иселениците се поделени во повеќе од 450 здруженија што ја отежнува комуникацијата меѓу нив и врската со матичната земја.

Главна задача на привремениот Иселенички совет, со 12 члена и мандат од една година, ќе биде анимирање на македонските иселеници со цел да се подобрат односите меѓу дијаспората и Република Македонија.

Директорот на Агенцијата за иселеништво Васил Наумов ги презентираше деталите од програмските активности на Иселеничкиот совет. Тој има мандат од една година за да имаат време иселениците да се искоординаираат меѓу себе и наредниот избор да има поголем легитимитет. Советот

Erste Konferenz der mazedonischen Aussiedler in Skopje

Од неодамнешната конференција на макеоднските иселеници, одржана во Скопје

има амбиција да стане глас на дијаспората, пред се‘ за зачувување и негување на македонскиот идентитет, и за да и‘ овозможи да биде вклучена на различни начини во случувањата во државата.

Точниот број на иселениците не се знае

Целта, меѓу другото, е да им ги олесни на Македонците кои живеат во светот пристапотот до нештата кои им се потребни во матичната земја, вели Митко Јованов претседател на Иселеничкиот совет:

„Олеснување на процедурата за добивање државјанство, нивно активно вклучување во пописот, како и олеснителни законски процедури за инвестиции, со оглед на фактот што од дознаки на дијаспората по разни основи во земјата влегуваа над милијарда евра.“

Според податоците со кои располага Агенцијата за иселеништво во светот има околу 465.000 иселеници од Македонија. Директорот Наумов смета дека бројката е далеку поголема и ги повика иселениците да ја популаризираат потребата од стекнување македонско државјанство. Македонија не е во можност да го утврди точниот број иселеници, затоа што огромен број од нив кои се родени во земјите кадешто живеат немаат државјанство на Република Македонија.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM