1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Ирските законодавци го изгласаа правото на абортус

Ирскиот парламент изгласа историска одлука да се дозволи абортус под одредени услови. Поттикнати од смртта на бремена жена минатата година, овој потег следи по долгите месеци на вжештена дебата

Законодавците гласаа со убедливо мнозинство (12.07.2013) за легализација на абортусот во случаи каде лекарите веруваат дека е доведен во прашање животот на жената поради бременоста. По маратонската седница, законодавците го одобрија гласањето со 127 гласа за и 31 против. Повеќе активисти за право на абортус собрани пред парламентот го поздравија усвојувањето на законот, додека поголем број поборници против абортусот ги поздравуваа членовите на парламентот, кои гласаа против, додека изглегува од зградата.

Законодавците ја започнаа долгата дебата за мерката во средата наутро за време на седница која траеше до 5 часот наутро во четвртокот. Потоа ја прекинаа седницата за да одат на спиење и продоложија подоцна во текот на денот на втора седница која траеше после полноќ.

Поради мнозинството на премиерот Енда Кени во парламентот, се очекуваше да помине Мерката за заштита на животот за време на бременост. Но, пет членови на конзервативната партија на Кени се спротивставија на законот, истакнувајќи ја поделеноста кон прашањето. Сите пет членови беа исклучени од парламентарната група на партијата и им беше забрането повторно да се кандидираат како членови на конзервативната партија.

Долгогодишниот сојузник на Кени, Лусинда Крејтон, откако се навестуваше како потенцијален лидер на партијата, беше една од членовите на партијата која одби да гласа за законот. Таа веднаш даде оставка од своето место како европски министер.

„Кога се работи за нешто што се сведува на живот или смрт, мислам дека не може да се направи компромис“, вели Крејтон во коментарите на телевизија.

Контроверзно прашање

Актвистите кои се против абортусот беа особено вознемирени за една од мерките на законот која дозволува абортус ако комисија од тројца лекари се согласат дека жената ќе изврши самоубиство ако не се прекине бременоста.

Нацрт на законот беше подготвен откако на една жена која имала пометнување, и беше одбиен абортус минатата година и подоцна почина од труење на крвта. Нејзината смрт повторно ја отвори дебатата долга две декади во Ирска за нацрт законот, во согласност со Врховниот суд од 1992, кој одлучи дека треба да биде легален абортусот за да се спаси живот, вклучувајќи и да се спречи самоубиство, во претежно католичката земја.

Во неделата која водеше кон гласање, 35 илјади активисти против абортусот маршираа во Даблин. Кени кажа дека добил осквернавени пластични фетуси и букви напишани со крв, додека противниците на законот го одбележаа како

Irlands Premierminister Enda Kenny

Ирскиот премиер Енда Кени

убиец и неговата приватна резиденција беше опколена од демонстранти со маски од костур.

Следбениците на законот, пак, во меѓувреме дискутираа за тоа дека законот не опфаќа се', затоа што забранува абортус во случај на абнормалности на плодот или во случаи на инцест или силување.

Статистиката објавена во четвртокот покажа дека речиси 4.000 жени од Ирска оделе во Англија или Велс за да абортираат. Неколку стотици повеќе извршиле абортус дома користејќи апчиња за пометнување порачани преку интернет.