1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Ирска добива 85 милијарди евра

На вонредна седница на министрите за финансии од еврозоната во Брисел е договорено да се обезбеди финансискиот пакет-помош за Ирска.

default

Одеднаш министрите за финансии на евро-групата сакаат што поскоро да го скројат пакетот помош за Ирска. За таа цел отпадна дури и претходно планираната телефонска конференција - министрите лично допатуваа во Брисел за да го разгледаат случајот. Претседавачот на земјите од еврозоната, Жан-Клод Јункер, го објави договореното во негов стил - директно:

„Што се однесува до Ирска, министрите за финансии денеска едногласно одлучија да и` пружат помош, по барање на ирските власти од 22. ноември 2010 година“, рече Јункер.

EU Eurozone Symbolbild Euro erholt sich

Се шпекулира дека и Портигалија и Шпанија ќе бараат пари

Помошта изнесува вкупно 85 милијарди евра, а дел од средствата ги покрива Меѓународниот монетарен фонд. Како противуслуга, ирската влада ќе мора да се придржува до строг курс на штедење и да го реформира банкарскиот сектор. Поголемиот дел од средствата ќе отидат токму за спас на ирските банки, останатиот дел ќе послужи како финансиска инјекција за државниот буџет. Дури и земји кои не се членки на еврозоната ќе се вклучат во финансискиот пакет-помош за Ирска. Една од нив е соседот Велика Британија. За мотивите зборува британскиот министер за финансии Џорџ Озборн:

„Во сечиј интерес, а исто и во наш, е да се постигне малку стабилност во Ирска и во целата еврозона. Трговската размена меѓу Велика Британија и Ирска е голема, а исто така и со другите европски земји. Затоа, во интерес на цела Европа е да го решиме проблемот, да постигнеме стабилност и да ги вратиме нашите стопанства на позитивен курс“, нагласи Озборн.

Ќе остане ли само Ирска?

Прашање е дали Ирска ќе биде единствената држава што ќе прими помош од европскиот фонд за спас. Веќе долго време се

Belgien EU Finanzkrise Jean Claude Juncker Finanzminister

Жан-Клод Јункер го објави договореното

шпекулира дека Португалија и Шпанија се можните следни кандидати. Шпанската министерка за финансии, Елена Салгадо, одлучно ги демантираше таквите тврдења:

„Инсистирам дека проблемите се во Ирска. Нормално дека тие можат да влијаат на останатите пазари, на што бевме сведоци во изминатите денови. Но, да не забораваме дека проблемот лежи во Ирска и ќе го решиме.“

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле изрази надеж дека светските пазари позитивно ќе реагираат на одлуката на министрите за финансии од еврозоната. Сепак, нивната одлука не е конечна, туку мора да биде потврдена од Советот на министри на 6. и 7. декември. А, за се‘ што е поврзано со идниот механизам за спасување, својот глас треба да го дадат и шефовите на држави и влади на нивниот нареден самит, на средината од декември.

Автор: Кристоф Хаселбах / Трајче Тосев

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM