1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ирска го презема претседавањето со ЕУ

Од оваа година Ирска го презема претседавањето со ЕУ, откако тоа шест месеци претходно го вршеше Кипар. Доаѓањето на Ирска на чело на ЕУ е во момент кога Унијата само делумно ја надмина економската криза.

Шест месци Кипар беше на чело на ЕУ. Првото претседателствување на оваа островска држава меѓутоа нема да влезе во историјата како особено успешно. Кипар беше премногу окупира со своите финансиски проблеми за да се фати во костец со многу покрупниот залак како што е водењето на кормилото на Унија со 27 членки и тоа по досега најразбранувано море.

Дежурни оптимисти

На многумина не им е лагодно при помислата дека од една кзризна држава кормилото денес (01.01.2013) ќе го преземе држава која прва побара помош од Брисел поради должничката криза и така, се разбира покрај Грција, стана нејзин неславен симбол. Но, ситуацијата со Ирска во многу нешта се разликува од онаа во останатите земји од ЕУ.

Дури, доаѓањето на Ирска на чело на ЕУ се случува токму во момент кога Унијата се наоѓа во преломна ситуација во која кризата е делумно надмината, но се заканува да се поврати. Политичарите околу сегашниот ирски премиер Енди Кени во Брисел важат за извонредни менаџери во совладувањето на финансиските тешкотии, но и како одлични преговарачи. Ирскиот министер за надворешни работи Имон Гилмор неодамна успеа во Вашингтон да склучи договор за слободна трговија кој би можел да биде пример за целата ЕУ. Но, Ирците по се‘ што преживеаја во 2010. година кога мораа да побараат помош од „чадоорт за спас на еврото“ поради банките во криза, денес се бескрајни оптимисти.

„За нас чашата е полуполна, а не полупразна“, ја објасни Гилмор сегашната филозофија на Даблин.

Enda Kenny und Angela Merkel

Ирскиот премиер Енда Кени и германската канцеларка Ангела Меркел

Вода од славина

Во склад со тоа е и слоганот за следните шест месеци: „Стабилност, нови работни места, економски раст и стопански раст“. Покрај трезвеноста која Ирците ја покажаа во борбата против финансиската криза, островјаните, за разлика од своите источни, исто така островски соседи, се загрижени Европејци. Во 2013. година Ирците слават 40 години членство во ЕУ на чие чело досега се наоѓале седум пати. Затоа и не чуди ангажманот со кој во Даблин се пристапи кон шестмесечното претседателство.

За бројните сосатаноци е преуреден и Даблинскиот дворец. Но, овде исрките политичари покажаа дека штедењето им е најважна задача. Големите компании се натпреваруваат кој ќе го спонзорира претседателството, а на масите на конференциските сали кои во следните месеци ќе примат околу 15 илјади дипломати, демонстративно ќе се точи вода од славини, а не скапа минерална вода во шишиња. Последното претседателство на Ирска со ЕУ во 2004 година чинеше околу 110 милиони евра, а претстојното, само 60 милиони евра.

Ирска на сите сака да им покаже дека по тешката криза на пазарот со недвижности која речиси целосно го уништи целокупното банкарство, повторно е на нозе. Оваа година истекува пакетот мерки за стабилизирање на ирскиот банкарски систем. По сите показатели, Ирска наскоро сама може да се погрижи наскоро за свеж капитал на меѓународниот пазар. И на останатите во ЕУ, посебно на богатиот север, им е важен успехот на „ирскиот модел“. Зашто, за разлика од југот, во Ирска немаше протетси против исто толку радикалните мерки за штедење. Даблин ја исполнува секоја задача зададена од Тројката. Владите на северните земји-членки на ЕУ затоа не би имале ништо против ако од Ирска во следните неколку месеци бидат испраќани сигнали во правец на југ: „Земете пример од островот и научете како да штедите“.