1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Ирска го напушта „чадорот за спас“

По три години минати под европскиот „чадор за спас“ Ирска има намера финансиски повторно да застане самостојно на нозе и тоа веќе од 15 декември годинава.

Ирскиот премиер Енда Кени денеска (14.11.) во Даблин најави дека земјата ќе ја напушти програмата за помош на меѓународните инвеститори и нема да зема „превентивни“ кредити.

„Ова е вистинска одлука за Ирска“, оцени Кени. Според него, Ирска е на пат на нормализација на економијата и буџетот. „Пред нас е уште долг пат, но се движиме во вистинска насока“, рече премиерот.

Ирска важи за ученик за пример меѓу евро-земјите во криза. Минатата недела земјата го положи завршниот испит. За разлика до Ирска, Португалија, која исто така зависи од финансиската помош на ЕУ и ММФ, од средината на 2014 година повторно ќе побара кредити во случај на нужда.

Инаку, Ирска беше последна земја која побара засолниште под „чадорот за спас“ и доби кредити во висина од 67,5 милијарди евра.