1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Ирска го напушта „спасувачкиот чадор“

Ирска е на најдобар пат повторно да се врати на пазарите за капитал. Владата на премиерот Енда Кени планира во декември да го затвори пакетот помош од ЕУ и ММФ.

Ирска, според наводи на премиерот Енда Кени, на крајот на годината ќе биде во состојба да го напушти „спасувачкиот чадор“ на Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд. При една средба на неговата Фине Гејл партија во Лимерик Кени рече дека Ирска била подготвена, на 15. декември да истапи од „спасувачкиот чадор“. Според него, шпицот на економската криза е надминат.

Irlands Premierminister Enda Kenny

Премиерот на Ирска Енда Кени

Сепак, премиерот предупреди дека на земјата и‘ претстојат „несигурни времиња“. Наредниот државен буџет, кој треба да биде поднесен во вторник (15.10.), и покрај економското опоравување, ќе биде „тежок“, рече Кени. Во него имено биле планирани натамошни кратења и покачувања на даноците во опсег од 2,5 милијарди евра.

Строги услови за штедење за возврат за 85 милијарди

Од средината на 90-тите години Ирска една деценија бележеше двоцифрен економски подем. Светската финансиска криза во 2008. година ја втурна оваа членка на ЕУ во финансиски лоша состојба. ЕУ и ММФ на крајот на 2010 година подготвија спасувачки пакет во висина од 85 милијарди евра. Земјата од своја страна мораше да се обврзе на стриктни програми за штедење. Дека Ирска на крајот на 2013. година со целосен капацитет ќе може да се врати на пазарите на капитал, е познато од поодамна. Во вториот квартал Ирска ја прекина рецесијата со мал економски пораст од 0,4 проценти.