1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Ирачко-американска согласност за резолуцијата на ОН

САД и ирачката влада синоќа со потпишани изјави на премиерот Ијад Алалви и на министерот Колин Пауел за идната воена соработка го ослободија патот за новата ирачка резолуција на Обединетите нации.

Ирачкиот премиер Алави зборува на ТВ

Ирачкиот премиер Алави зборува на ТВ

Изгласувањето на резолуцијата според желбата на САД, Велика Британија и Ирак треба да се случи пред официјалниот почеток на самитот на Групата 8 утревечер во Си Ајланд во државата Џорџија. САД и ирачката преодна влада постигнаа договор за тесна воена и безбедносно-политичка соработка. Акциите на коалиционите трупи предводени од САД во иднина треба да бидат усогласени со преодната влада. Американскиот амбасадор во ОН Џон Негропонте вели дека станува збор за две промени со кои се истакнува суверенитетот на Ирак и второ, покажување партнерство:

“Ова партнерство меѓу Багдад и Вашингтон предвидува тесна соработка меѓу американкот воено водство и цивилните институции на национално, регионално и локално ниво. За поголемите и политички сензибилни операции ќе се бара усогалсување меѓу кабиентот на Ирак под водство на премиерот и американската команда. Ниту во писмото од Багдад, ниту во она на Пауел не е предвдиен случај кога суверената влада може да каже не за некоја офанзива. Во тоа францускиот амбасадор Жан-Марк де ла Сабиер бара јасно ирачко право на вето.

Зборот вето меѓутоа, за неговиот американски колега е негативен.

Во писмото на Пауел исто така е јасно содржано дека американските трупи и натаму смеат да затвораат ако тоа го бара безбедносната ситуација. Без оглед уште колку ќе се натегаат Вашингтон и Париз, дури и претставници на арапскиот свет сметаат, како алжирскиот амбасадор Абдалах Бали, дека нема пречки за усвојувањето на сегашниот текст на резолуцијата.

И германскиоот канцелар Герхард Шредер синоќа во телевизиско интервју исто така искажа очекувања уште во текот на неделава да биде постогната согласност околу резолуцијата:

“Сметам дека новата резолуција ќе ја добиеме за време на самитот на Г8, можеби дури и пред тоа”. Канцеларот притоа нагласи:

“Вклучувањето на ОН во игра токму во Ирак е значителен чекор напред во насока кон поголема безбедност. Ние ќе се вклучиме во обновата секаде каде ќе можеме, само не со германски војници во Ирак – тоа останува линија на сојузната влада и за тоа знаат во Америка”.