1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Ирачките курди предупредуваат од турска интервенција

*

Ирачките курдски претставници предупредуваат дека било каква турска воена интервенција во областа Курдистан на северот на Ирак би можела да ја загрози релативната стабилност во регионот. Ја повикаа Анкара да пронајде мирно решение во борбата со бунтовниците. „Земање на законот во свои раце и еднострана акција ќе значи само проблеми за сите“, изјави Барам Сала, потпретседателот на ирачката влада, инаку Курд.Турскиот парламент вчера донесе одлука да и дозволи на влада да реши дали и кога да преземе воена акција во Ирак за да ги неутрализира курдските бунтовници. Резолуцијата има траење од една година.