1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Ирачките дневници“ под лупа!

Интернет платформата Викиликс објави на интернет речиси 400.000 тајни документи на американската армија за војната во Ирак. Владата во Вашингтон е иритирана.

default

Интернет платформата Викиликс соопшти дека докуметите за војната, од ноќеска може да се видат на интернет и да се пребаруваат според поими. Збирката именувана како „Ирачки дневници“ е најголемиот проток на информации во воената историја, пишува на интернет страницата www.wikileaks.org Врз основа на документите кои датираат од периодот 2004 - 2009 година, може да се направи ретроспектива на целата војна. Во нив е документиран „речиси секој воен инцидент“. За време на ирачката војна, според документите, биле убиени повеќе од 15.000 цивили во досега непознати инциденти. Претставници на САД и Велика Британија постојано нагласуваа дека нема официјални бројки за цивилните жртви.

LOGO WikiLeaks

Британскиот весник „Гардијан“, кој имаше можност претходно да ги анализира документите, информира дека американските трупи не преземале ништо по стотиците извештаи за измачувања и убиства што ги сториле ирачките полицајци и војници. Очигледно дека тие систематски се однесувале така и за тоа не сноселе никаква одговорност. Во два случаја била извршена обдукција, која потврдила дека ирачки затвореници биле измачувани до смрт, пишува „Гардијан“. Но, полицијата констатирала дека еден од мажите извршил самоубиство, а другиот починал поради проблеми со бубрезите. Освен ова, пишува „Гардијан“ врз основа на документите објавени на Викиликс, американските трупи биле подготвени да применуваат насилство со смртоносни последици. Двајца мажи во 2007 година биле застрелани од воен хиликоптер. Наводните бунтовници сакале да се предадат. Но, адвокатот на американската база им рекол на пилотите: „На авион никој не може да му се предаде“.

Викиликс изминатото лето привлече внимание објавувајќи дестици илјади документи за војната во Авганистан. Документите за војната од Ирак потекнувале од истиот извор.

Жестоки американски и британски реакции

Американската влада го осуди објавувањето на документите. Министерката за надворешни работи Хилари Клинтон изјави:

„ Жестоко го осудуваме објавувањето на тајни информации од поединечни лица или групи. Ваквите откритија загрозуваат животи“ подвлече Клинтон.

И американското министерство со одбрана жестоко реагираше на објавувањето на докуметите „Со тоа што објавува доверливи документи, Викиликс го загрозува животот на

Wikileaks veröffentlicht Afghanistandokumente

нашите војници, на нашите сојузници, на Ирачаните и Авганистанците кои работат за нас“, се вели од Пентагон. Единствениот „одговорен чекор“ кој Викиликс може да го направи е да го врати „украдениот материјал“ и истиот да го избрише од интернет страницата. Пентагон осудува, што биле заведени некои лица, да го прекршат законот и да предадат доверливи документи, и потоа „овие тајни информации непречено да се поделат со светот, вклучително и со нашите непријатели“. Постојат информации дека неодамана објавените документи за Авганистан биле прочешлани од терористичките организиции кои барале податоци кои можат да ги употребат против САД.

Организацијата за човекови права „Амнести интернешнл“ побара од САД да спроведе истрага за случувањата во ирачките затвори кои ги откри Викиликс. Организацијата се’ уште ги нема анализирано објавените документи, но „на прв поглед“ се чини дека го потврдуваат ставот на „Амнести интерншнл“ дека САД го прекршиле меѓународното право, кога им ги предале илјадниците затвореници на ирачките власти,“ изјави Моника Лике, генералната секретарка на „Амнести интернешнл“ за Германија.

Автор: АТ/ ЖА/ дпа/ афп/ дапд/ дв

Редактор: Жана Ацеска

DW.COM