1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Ирачките бунтовници зедоа нови странски заложници

Американците трпат дополнителни човечки загуби;нова надеж за примирје во Фалуџа

default

Американските сили и ирачките бунтовници според последните вести на агенциите се подготвени на ново продолжување на преговорите за примирје.Истовремено Американците јавуваат за загинување тројца нивни војници западно од Багдад,а во близина на аеродромот во главниот град бил соборен американски хелихоптер,во кој загинале двајца војници.

Во Фалуџа,ирачкиот град кого Американците го опколија од пред една недела,прогласеното примирје од нивна страна од петокот беше прекршено практично и пред да стапи во сила.Во текот на ноќта продолжиле борбите меѓу американските маринци и ирачките бунтовници.Во градот одекнувале експлозии и рафали од автоматско оружје,додека го надлетувале анерикански хелихоптери.Ирачаните ги обвинуваат Американците за прекршување на примирјето,а тие одговараат дека само возвраќаат на огнот.

Во Фалуџа во текот на минатата недела загинале најмалку 700 луѓе,тврдат болнички извори,а бројот загинати американски војници последниве десет дена изнесува 70,соопшти денеска американскиот бригаден генерал Марк Кимит во Багдад.

Истовремено расте и бројот на странски заложници.Денеска утрото во близина на Фалуџа биле киднапирани седуммина кинески државјани.Луѓето на возраст меѓу 18 и 49 години се одведени од ирачки бунтовници,потврди кинеското министерство за надворешни работи.

Кина инаку беше една од земјите кои ја одбиваше ирачката војна.

Демантирани се извештаите заспоред кои други киднапери ослободиле неколку странци:тројца Пакистанци,двајца Турци и по едно лице од Непал,Индија и Филипини.Киднаперите тоа го најавија преку видео снимка преку арапската телевизија Ал Џазира, на која се гледаат измачените заложници и нивните мачители,од кои еден ги обвинува за соработка со окупаторите.

Денеска е потврдено единствено ослободувањето на Британцеот Гери Тели кој веќе се наоѓа под заштита на коалиционите сили.

Неизвесна е и натаму судбината на тројцата Јапонци,чие пуштање се очекуваше вчера.Владин портпарол во Токио не можеше да ги потврди информациите според кои тие веќе се на безбедно место.Претходно јапонската агенција Кјодо, повикувајќи се на изјава од лице чие име не го соопшти,објави дека благодарение на посредувањето тројцата Јапонци се ослободени во близина на Фалуџа.Ултиматумот кој грабнувачите го поставија истекува денеска попладен,а со него се бара повлекување на јапонските војници од Ирак.Јапонскиот премиер Јунихиро Коизуми денеска во разговор со американскиот потпретседател Дик Чејни изјави дека нема повлекување и дека Токио нема да потклекне пред терористите.Чејни му вети поддршка во решени на заложничката драма.

Поради чувството на несигурност и насилството против странците последните германски службеници од амбасадата ја напуштаат земјата.Со авион претходно заминаа неколкумина германски соработници на хуманитарни организации.