1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ирачкиот потпретседател предупредува дека е можна граѓанска војна

Ирачкиот потпретседател Тарек ал-Хашеми, против кого е издаден налог за апсење, предупреди дека е можна граѓанска војна во Ирак.

default

Тарек ал-Хашеми по налогот за апсење, се наоѓа во курдскиот дел на Ирак

Обвинувањата против него се дел од заговорот да се отстранат противниците на шиитскиот премиер Нури ал-Малики, тврди Тарек ал-Хашеми. Тој за агенцијата Ројтерс изјави дека односите меѓу религиозните групи во Ирак е напрегнати како во периодот меѓу 2005 и 2007 година. Ал Малики, според потпретседателот, стреми кон владеење на една партија во земјата, под негово раководство.

Ирачкиот претседател Џалал Талабани, изјави дека е на страната на сунитот Хашеми и дека судски процес може да има само доколку биде гарантирана безбедноста на обвинетиот потпретседател. Хашеми, по обелоденувањето на налогот за апсење, се наоѓа во курдскиот регион во Ирак.

Правосудните органи во Багдад го товарат Хашеми дека поддржувал и финансирал терористички активности. Тој го отфрла обвинувањата. Судирот во Ирак, непосредно по повлекувањето на последните американски борбени единици, ја втурна земјата во тешка криза. Во четвртокот (22.12), во серија напади во Багдад загинаа најмалку 72 лица.

Автор: ЕМФ/ртр/афп

Редактор: Симе Недевски