1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Ирачкиот пазар - нова шанса за македонската економија

Група арапски бизнисмени обединети во Стопанската комора на Мосул беа првпат во Македонија. Најмногу се интересираа за македонските земјоделски производи, текстилот и градежништвото.

default

Обнова на Ирак

„На ирачкиот пазар му треба квалитетна но пред се’ ефтина стока. Бидејќи македонските прозводи се такви, мислам дека тие брзо ќе се трошат на нашиот пазар,“ објаснува за Дојче веле, Аниз Јунуз од комората во Мосул.

Најголем предизвик за Ирак и натаму претставува безбедноста. Бизнисмените се оптимисти дека изборите идниот месец ќе и донесат на земјата целосна стабилизација. Уверени се дека економијата потоа брзо ќе се опорави и ќе се крене. Земјата разурната од војни треба да се изгради одново. На Ирачаните им се потребни нови живеалишта, храна, облека. На македонските градежници им се отвора можност за изградба на 10 илјади станови. Арапските инвеститори подготвуваат понуда. Али Добуни размислува колкава ќе биде платата за градежните работници од Македонија. „Неможам да понудам точна сума но мислам дека платата би изнесувала меѓу 25 и 30 долари на ден, плус на трошок на домаќините би било сместувањето и храната.“

Преспанските јаболка ќе се извезуваат во Ирак

Додека градежниот сектор ги утврдува деталите, договор постигнаа трговците на земјоделски производи. На Ирачаните многу им се допаднаа преспанските јаболка.

BdT Apfelernte in Norddeutschland

Јаболка

„Македонското јаболко е поголемо, поквалитетно и повкусно од нашето ирачко јаболко. Ние увезуваме многу јаболки од секаде но македонските се навистина посебни. Едно ирачко семејство троши по најмалку еден килограм јаболка дневно така што добро ќе ни дојдат ако увеземе од кај вас“, изјави за Дојче веле Али Мухамед Али сопственик на бензиска пумпа.

Прехранбените производи за да влезат во Ирак мораат да го поседуваат сертификатот Халал. Македонија неодамна го воведе овој сертификат со што растат шансите за извоз на прехранбени производ во исламскиот свет, објаснува Александра Марковска консултант за Халал стандардот.

Ирачкиот пазар - нова шанса

30 милионскиот ирачки пазар со едвај два долара Брутодомашен производ по глава на жител е голема шанса за македонската економија. Македонските компании постепено го насетуваат предизвикот. Стевче Божиновски од фирмата Габерци вели дека работите во Ирак се подобрени од пред неколку години. Осиромашениот народ од земјата богата со нафта сепак има пари да ги плати стоките кои се неоходни во реконструкцијата на земјата. Неговиот впечаток го потврдува претседателот на комората од Мосул. „Има три различни нивоа

Wiederaufbau in Irak Brücke

Обнова на Ирак

на платите во Ирак. Најниските се до 300 долари, средните се движат околу 600 долари, но има повисоки и од 1000 долари месечно.“

Размената меѓу Македонија и Ирак во минатата година изнесува 1 милион и 800 илјади долари. Речиси сета сума отпаѓа на македонскиот извоз. Најизвезувани производи во Ирак лани биле свежото јаболко и свежиот кромид, текстилни производи и градежни материјали.

Македонските градежници се докажани на ирачкиот пазар. До 1990 година работеа на проект вреден околу 180 милиони долари, во кој беа вклучени „Пелагонија“, „Факом“, „Емо“ и „Бетон“. Работите запреа поради војната, а долговите не беа наплатени. На градилиштата во Ирак остана многу опрема и механизација на македонската градежна оператива.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Александра Трајковска