1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ирачката армија за година-две ќе биде во состојба да ја брани земјата

Ирак падна во сенка на судирите во Либан, иако и таму секојдневно гинат десетици луѓе. Премиерот Малики денеска е гостин на претседателот на САД Џорџ Буш

Нури ал-Малики

Нури ал-Малики

Во разговорот на Буш со Нури ал-Малики би требало да се разјаснат прашањата уште колку долго и колкумина американски војници ќе останат во Ирак, и кога ирачката армија ќе биде во состојба да ја брани земјата? За една до две години – смета генерал Насер Абади, заменик-началник на генералштабот на ирачката армија, кој веќе претходно пристигна во Вашингтон: „До наредното лето ние целосно ќе ги пополниме нашите оружени сили. Но, уште наредна половина или дури и цела година ќе помине додека војниците бидат целосно обучени. Сето, се разбира, зависи и од нивото на заканата“.

Успесите во брзиот напредок на ирачките оружени сили паѓаат во вода поради слабоста на полицијата и на праводуството, вели генерал Абади: „Ние, заедно со коалиционите трупи, секој ден апсиме 40 до 50 востаници. Но, правосудниот систем не функционира особено добро и тие повторно са наоѓаат на слобода и се враќаат назад кај востаниците“.

Војската не може се’ сама – во моментов пред се’ недостасуваат ефикасни полициски сили во Багдад. „Ние секојдневно испраќаме околу 1200 патроли. Тоа е навистина многу. Но, истиот момент кога некоја патрола се повлекува од некој дел на градот, востаниците повторно се враќаат и вршат атентати. Тие имаат добра комуникација. Ние не можеме во секое време да бидеме насекаде“.

Под целосна контрола на ирачката војска досега е само една вкупно 18 провинции. Според премиерот Малики, до крајот на годинава половина од провинциите треба да бидат контролирани без помош од американските трупи.

Во Вашингтон во меѓувреме се води силна дебата уште колку долго треба да останат во Ирак 133-те илјади американски војници. Тоа зависи од воената ситуација, постојано нагласува претседателот Буш. А таа не се подобрува - меѓу другото и затоа што ирачките граници речиси не можат да се контролираат. „Најголема помош за востаниците во пари и материјал доаѓа од Иран, со кого имаме граница долга околу 1200 милји. Нашата гранична полиција е нова, нема доволно персонал и опрема – и тие, како и армијата и во полицијата, штотуку започнаа“ – вели заменикот началник на генералштабот на ирачката армија Насер Абади.

Ирачкиот премиер Нури ал-Малики денеска ќе зборува пред двата дома на американскиот Конгрес за тоа како неговата влада сака да излезе на крај со насилството и мизерната економска состојба.