1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Иран ќе продолжи со нуклеарната програма

*

Иранскиот верски лидер Ајатолахот Али Камнеи ја повика иранската нација да се спротивстави во спорот со западните земји околу нуклеарната програма. Зборувајќи на церемонијата по повод 18 годишнината од смртта на основачот на Исламската револуција, Ајатолахот Хомеини, тој нагласи дека нуклеарната технологија е право за кое Иран не треба да моли пред западот. Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад синоќа изјави дека иранската нација нема да се откаже од правото да продолжи со нуклеарната програма.