1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Иран ќе им суди на британските маринци?

Британскиот министер за надворешни работи Маргарет Бекет рече дека британската влада одговорила на писмо од Иран, но не наведе детали.

Според наводи на иранскиот амбасадор во Москва, во Иран биле преземени правни чекори за процес против британските маринци поради кршење на нормите на меѓународното право.

Русија предложи истрага за конфликтот од страна на ОН. Настаните мора точно да бидат обработени и да биде подготвен независен извештај, рече рускиот заменик-министер за надворешни работи Александар Јаковенко.