1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Иран ја ревидира политиката на конфронтација со Израел?

Кај иранското раководство има сѐ повеќе знаци на напуштање на политиката на судири во односите со Израел. Министерот за надворешни работи Мохамед Џавад Сариф холокаустот го нарече „ужасна трагедија“.

Шефот на иранската дипломатија Мохамед Џавад Сариф, оддалечен само неколку метри од споменикот на жртвите од холокаустот во Берлин, го осуди масовното убивање на Евреите. „Тоа беше ужасна трагедија која не смее да се повтори“, рече министерот за телевизијата Феникс.

Сариф додаде: „Ние немаме ништо против Евреите и имаме голем респект кон нив во и надвор од границите на Иран. Не се чувствуваме загрозени од никого.“ Сариф сепак додаде дека се неприфатливи повредите на човековите права што Израел ги правел во Палестина.

Раководството во Техеран повеќе пати се дистанцираше од поранешниот претседател на Иран, Махмуд Ахмадинеџад, кој постојано јавно го негираше холокаустот. Неговиот наследник Хасан Рохани и министерот Сариф во септември преку Твитер „до сите Евреи“ испратија честитка за новогодишното празнување.