1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Иран уште поизолиран

По инцидентот во нејзината амбасада во Техеран, Велика Британија повлекува дел од персоналот. Остри критики дојдоа и од Германија, која се солидаризира со Велика Баританија.

default

Вчерашниот инцидент ги заостри односите меѓу Иран и Западот

Демонстранти кои го симнуваат знамето од покривот на британската амбасада, го уништуваат портретот на Кралицата Елизабета, кршат и палат, а сето тоа неспречено од полицијата. Британската влада е огорчена.

„Иранското раководство е одговорно што недоволно ја штитеше нашата амбасада. Ова потфрлување нема да остане без последици“.

Иранското министерство за надворешни работи изрази жалење за инцидентот. Британците се сомневаат дека насилниот напад бил толериран или организиран од режимот во Техеран, како одмазда за воведените санкции поради атомската програма.

Bundesaußenminister Guido Westerwelle Porträt

Првиот дипломат на Германија, Гидо Вестервеле

Техеран се изолира уште повеќе во меѓународни рамки.

„Тоа што демонстрантите упаднаа и можеа да ја запалат амбасадата, покажува дека иранската влада не ги сфаќа сериозно меѓународните обврски“.

Протестираше и Германија. Министерот за надворешни работи Гидо Вестервеле го повика иранскиот амбасадор во Берлин и му порача:

„Најостро го осудуваме кршењето на меѓународното право во било која форма. Се солидаризираме со Британија како Европејци“.

Нападот врз амбасадата дополнително го заостри конфликтот меѓу Иран и Западот.

Автор: Јанжки/Драјсиг/Ж. Ацеска

Редактор: Горан Чутаноски