1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Иран соборил американско беспилотно летало

Беспилотното летало на САД, т.н дрон навлегло во иранскиот воздушен простор и било соборено. Иран најавува реакција надвор од своите граници.

default

Иранската војска, според телевизиски извештај урнала американско беспилотно летало. „Иранската армија урна американско беспилотно летало RQ-170 на истокот на земјата“ изјавил воен претставник, чие име не се наведува за арпската дражавна телевизија Ал Алам. Инцидентот се случил во близина на границата со Авганистан и со Пакистан. Попрецизни податоци не се наведени. Беспилотното летало било „полесно оштетено“.

Иран најави дека ќе реагира на наводната повреда на неговиот воздушен простор од беспилотно летало на САД. Одговорот ќе биде надвор од границите на Иран, појаснила владата според инфoрмација на новинската агенција Фарс.

Затегнатоста меѓу САД и Иран е зголемена откако американската влада и Велика Британија во атомскиот конфликт ги заострија санкациите против Иран. Изминатата недела во Техеран демонстранти блиски до владата одржаа и протести против овој чекор на западните сили, а беше нападната и британската амбасада. Владата во Лондон како реакција го повлече персоналот и ги протера иранските дипломати од Велика Британија.

Автор: АТ/ ртр/ афп

Редактор: Симе Недевски