1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Иран се придвижува во атомскиот спор

Новиот претседател на Иран го напушта курсот на конфронтација и ги критикува санкциите против неговата земја. Западот на ваквите тонови од Техеран реагира со умерен оптимизам.

По промената на власта во Иран се навестува придвижување во замрзнатите преговори за спорната атомска програма. Петте сили со право на вето во Советот за безбедност на ОН и Германија наредните денови ќе водат разговори со Иран.

Gespräche über iranisches Atomprogramm 06.04.2013

Кетрин Ештон

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Кетрин Ештон соопшти дека ова го договорила со иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Сариф при разговор на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк. Ештон оцени дека средбата на која главно станало збор за атомската програма, била конструктивна. Одлучноста и енергијата на Сариф биле изворедни, дополни европскиот дипломат. Во Њујорк се планирани куси разговори. За октомври е планирана средба во Женева. Ештон ги координира разговорите меѓу Иран како и петте вето сили и Германија.

Белата куќа во Вашингтон потврди дека американскиот министер за надворешни работи Џон Кери исто така ќе земе учество во разговорите. Во едно соопштение на Министерството за надворешни работи на САД се вели дека Соединетите Држави биле подготвени на соработка со новиот ирански претседател Хасан Рохани, доколку тој сериозно се залага за решавање на атомскиот спор.

Рохани сака да ја докаже мирољубивоста на Иран

Рохани исто така се очекува на Генералното собрание на ОН. Тој треба да одржи говор на пленумот. Уште за време на изборната кампања во неговата земја тој навести напуштање на курсот на конфронтација на неговиот претходник Махмуд Ахмадинеџад. Истовремено Рохани ги критикуваше меѓународните санкции, кои му нанесуваат големи штети на иранското стопанство. Очигледно овој негов став е подржан од духовниот водач на Иран, ајатолахот Али Хаменеи. Тој го има последниот збор за сите стратегиски прашања во иранската политика.

Atomsymbol vor iranischer Flagge

Рохани на својата интернет страница најави дека во Њујорк ќе го презентира вистинското лице на Иран како култивирана и мирољубива земја. Во изминатите години имаше изобличено претставување.

Иран со години нагласува дека неговата атомска програма служи за мировни цели. Непридржувањето до договорите со Меѓународната агенција за атомска енергија во Виена постојано дава повод за сомнеж, дали можеби целта не е производство на атомска бомба. Досега меѓутоа немаше готовност да се стопира збогатувањето на ураниум. Пред сѐ израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупредува, дека иранското раководство не мисли сериозно со овој умерени став. Израел бара целосно стопирање на иранската атомска програма.

Ослободени повеќе од 80 затвореници

Како натамошен знак за промена на курсот на новиот претседател Рохани, кој е на функцијата од август се смета и ослободувањето на повеќе од 80 затвореници. Повеќето затвореници биле во затвор поради поврзаност со протестите од 2009 година, изјави генералниот државен обвинител Голам-Хусеин Мосени-Ездехи, според новинската агенција Исна.

Тогаш имаше обвинувања за изборна измама и масовни протести против реизборот на Ахмадинеџад. Во изминатите недели беа ослободени 16 политички затвореници од озлогласениот затвор Евин, меѓу нив и една позната иранска адвокатка и борец за човекови права Насрин Сотудех.