1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Иран се заканува

Меѓународната агенција за атомска енергија денеска во Виена ќе расправа за спорот за атомската програма на Иран. Советот на гувернерите заседава на барање на Германија, Франција и Велика Британија кои сакаат конфликтот да се најде пред Советот за безбедност на Обединетите нации.

Иранскиот мабасадор во ИАЕА Солтанија се заканува со прекин на соработката

Иранскиот мабасадор во ИАЕА Солтанија се заканува со прекин на соработката

Во меѓувреме и Кина и Русија, кои имаат тесни односи со Иран, се согласија спорот да се најде пред највисокото тело на светската организација.

Американците и Европејците веќе доставија заедничка резолуција до Меѓународната агенција за атомска енергија во Виена. Со неа јасно се бара од Иран веднаш да прекине со збогатувањето на ураниумот. Од шефот на агенцијата Ел Барадеи се бара на Советот за безбедност да му ги достави сите барања и заклучоци за темата Иран.Бидејќи цврстата линија кон Иран во меѓувреме ја поддржаа и Кина и Русија, се смета дека има јасно мнозинство за резолуцијата на ИАЕА, велат германските дипломати во Виена. Американскиот амбасадор во агенцијата Грег Шулте изрази задоволство што е поддржана американската линија. Тој изјави дека Иран со своите активности ја загуби довербата кај меѓународната заедница:

„Штотуку бев брифиран за иранската атомска програма. Дознав многу детали за кои досега немаше одговори, имено и за воената димензија вклучувајќи производство на компоненти за нуклеарно оружје како и за потребните ракети„.

Инаку, извешатјот на агенцијата до Советот за безбдност не може да има непосредни последици. За можни санкции против Иран Советот би расправал најрано во март.

Иранскиот амбасадор при агенцијата во Виена, Али Асгар Солтанија укажува дека парламентот во Техеран во декември донесе соодветен закон. Според него, владата во Техеран веднаш ќе ја прекине соработаката со агенцијата во случај во спорот да биде вклучен Советот за безбедност:

„Тоа значи дека ние веќе нема да се придржуваме кон дополнителниот протокол, односно во иднина веќе нема да има краткорочни контроли. Ако дојде до седница на Советот за безбедност, веќе следниот ден ќе започнеме со збогатување на ураниумот во голем стил. 50 илајди машини ќе произведат тони збогатен ураниум„.

Ваквите закани кај експертите на агенцијата предизвикуваат студени насмевки. Зашто Иран според нивните сознанија технички не стигна до таму. Меѓутоа, прекинувањето на контролите може да води кон натамошно заострување на ситуацијата. Од ова страхуваат и германските дипломати во Виена. Затоа се вели дека за Техеран мораат да му се остават отворени сите врати: на пример понудата за збогатувањето на ураниумот во Русија за која Техеран сака да преговара. Сега сите надежи се насочени кон тоа.