1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Иран се заканува да ја прекине соработката со ИАЕА

По повеќемесечни натегања, Советот за безбедност конечно во саботата ја усвои резолуцијата 1737 со која се воведуваат санкции против Иран, поради неговата атомска програма. Сите држави, се вели во дел од резолуцијата, „мораат да ги откажат сите испораки, продажби или трансфер на материјали и опрема што би можеле да му послужат на Иран во активностите во атомското или балистичкото подрачје„. Денеска ирански

Самоуверениот Ахмадинеџад проодлжува со заканите

Самоуверениот Ахмадинеџад проодлжува со заканите

от парламент официјално побара преиспитување на соработката со меѓународната агенција за атомска енергија во Виена.

Со 167 наспрема 21 глас, парламентот побара од владата да ја преиспита соработката со ИАЕА, како што буквално се вели: „врз основа на националните интереси„ и да ја забрза работата врз проектите за мирољубиво користење на атомската енергија. Портпаролот на министерството за надворешни работи Мохамед Али Хусеини објасни:

„Резолуцијата е усвоена против важечките закони и правила. Од тие причини, не сме обврзани да ја продолжиме соработката со ИАЕА на досегашниот начин„.

Дали Техеран вистина ќе го напушти договорт за неширење на атомското оружје, како што посакуваат некои радикални сили, се уште не е извесно. Меѓу посматрачите, денеска усвоениот заклучок на парламентот се оценува како гласен протест кој според се нема да го следат и дела. Ако пак, Иран вистина ја оствари заканата, тоа ќе значи ИАЕА веќе да нема право според договорот, да врши инспекции во иранските атомски постројки. Тоа, исто така, ќе значи земјата да ја продолжи својата атомска програма без меѓународна контрола, како што веќе направи Северна Кореја.

Освен тоа, како реакција на усвоената резолуција, Иран вчера се закани да го намали извозот на нафта. Ако е потребно, Иран ќе го користи секое оружје за да се заштити, одговори министерот за нафта Касем Хаменех, на прашањето дали земјата ќе ја користи нафтата како оружје. Освен тоа, уште пред усвојувањето на санкциите, Техеран повеќепати се закани дека ќе ја користи нафтата како политичко оружје и нема да дозволи никаков извоз од Персискиот залив. Со други зборови, Иран би го блокирал Ормускиот теснец, за на тој начин да го манипулира меѓународниот пазар за енергија.