1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Иран се закани со зaтворање на Ормускиот мореуз

Иран се закани дека ќе го затвори Ормускиот мореуз за да се онезвозможи извоз на нафта од Персискиот залив, доколку Западот го ограничи иранскиот извоз на „црно злато“, јави иранската новинска агенција ИРНА.

default

Иранскиот потпретседател Реза Рахими, според извештаи на државните медиуми, рекол дека земјата нема интерес за непријателства и анимозитети, но „Западот не сака да запре со своите интриги“ и затоа е неопходен остар одговор. Иранското министерство за надворешни работи, инаку, минатата недела ги демантираше информациите дека размислува за блокада на Ормускиот теснец.

Портпаролот на Стејт департментот Марк Тонер ги нарече иранските закани „празни“. Тој оцени дека е тоа уште еден обид на Техеран да го сврти вниманието од „вистинските теми“, а тоа е „неговото упорно неприфаќање на меѓународни обврски во нуклеарната сфера“.

Ормускиот мореуз се наоѓа меѓу Арапскиот полуостров и Иран. Низ теснецот широк 50 километри и долг околу 200 километри минуваат големи количества нафта. Се претпоставува дека низ него минува 40 проценти од светската нафта и затворање на мореузот би имало големо влијание врз светската економија.

Автор: ЕМФ/дпа/дв

Редактор: Борис Георгиевски