1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Иран - САД: "само" хуманитарна помош


Иранскиот претседател Мохамед Хатами денеска ја поздрави американската помош за настраданото подрачје во и околу градот Бам на југо-истокот од земјата. Проблемите меѓу САД и Иран, меѓутоа, можат да се надминат само преку длабока промена во политиката на Вашингтон, посочи иранскиот претседател пред новинарите во градот Керман. Без радикална промена на непријателскиот однос на Америка кон Исламската република, дијалогот меѓу двете земји и понатаму останува неможен, оцени Хатами.

Шефот на дипломатијата Камал Караси исто така ја поздрави хуманитарната помош од САД. При посетата на настраданиот град Бам, Караси најави дека ќе има и средба со американскиот тим хуманитарци. По пристигањето на тимот во Иран, американскиот Стејт департмент посочи дека во оваа ситуација станува збор за чисто хуманитарен ангажман. Претходно меѓутоа, шефот на Стејт департментот, Колин Пауел најави отвореност на американската администрација за дијалог со власта во Техеран. Слични сигнали пристигнаа и од Берлин, што беше протолкувано како сигнал на Западот за приближување со Иран. Односите се затегнати уште од иранската исламска револуција во 1979. година и тогашното земање заложници во американската амбасада во Техеран. Односите дури се влошија кога во јануари 2002-та Џорџ Буш го уврсти Иран во "оската на злото".