1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Иран рече “не“!

Иранскиот претседател, Махмуд Ахмадинеџад, го кажа своето – тој го отфрли барањето на Советот за безбедност за запирање на облагородувањето ураниум. “Нема да се свиткаме пред заканите и ултиматумите“, рече Ахмадинеџад два дена пред истекот на ултиматумот на ОН.

Махмуд Ахмадинеџад

Махмуд Ахмадинеџад

Според се изгледа дека судирот околу иранската атомска програма ќе се заострува и натаму. Иранскиот претседател, Махдмуд Ахмадинеџад, го отфрли ултиматумот на Советот за безбедност на ОН, кој истекува на 31 август. Зашто, како што вели Ахмадинеџад, исто како и секој друг потписник на Договорот за неширње нуклеарно оружје и исламската република има права од кои не мисли да се откаже: “Нашиот одговор веќе го дадовме и сега не е време да се вклучи Советот за безбедност. Освен тоа, имаме право на мирно користење на нуклеарната техника и во тоа никој не може да не спречи.“

Ахмадинеџад вели дека во Советот за безбедност доминира западот, и Иран нема да се свтика пред ваквата доминација во форма на закани и утлиматуми. На прашањето што ќе стори доколку генералниот секретар на ОН, Кофи Анан, од него директно побара запирање на облагородувањето ураниум, Ахмадинеџад одговори: “И господин Анан знае дека не може да бара нешто што е од другата страна на меѓународно признатите правила.“

“Кога сакавме да ги преиспитаме предлозите на петте земји со правона вети и на Германија, и сакавме да дадеме позитивен одговор, овие земји поради нивниот надмен став донесоа резолуција. Непосредно потоа, ми се јави генералниот секретар Анан и замоли да не реагираме на оваа избрзана реакција на Европејците. Тој замоли Иран да се однесува нормално“, рече Ахмадинеџад.

Токму тоа, Иран од свој апсект и го прави, додека западот тоа го толкува како инает и спротивставување. Ахмадинеџад рече дека иранскиот одговор на понудата на западот, имено да преговара и натаму, е позитивен сигнал.

Претходно иранскиот претседател го повика американскиот колега, Џорџ Буш, на разговор пред камерите, на кој што ќе ги дискутираат актуелните светски политички теми. На тој начин би можеле да се развијат заеднички перспективи за тоа како да се релаксира ситуацијата во кризните региони. Предуслов за телевизиски настап, според Ахмадинеџад, е евентуалната ТВ дебата да не биде цензурирана, пред се не, како што нагласи, за американската јавност.