1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Иран- Протести околу употребата на нафтени дерифати

*

Иранските власти со употреба на сила им ставија крај на протестите во Техеран и неколку други градови против владината одлука за ограничување на количината за купување на нафта за приватните корисници. Агенциите јавуваат за судири меѓу полицијата и граѓаните кои пред бензинските станици во долги колони чекаат да наполнат бензин. Од ноќеска на полноќ стапи на сила одредбата според која лицата кои поседуваат возила кои користат бензин месечно можат да купат 100 литра бензин. По 30 литри им следуваат на оние кои имаат возила на комбиниран погон, бензин и гас. Иран е четврта земја во светот по производство на нафтени деривати.