1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Иран прекина испорака на нафта за Франција и Велика Британија

Испораките на нафта за британските и француските компании се прекинати од страна на Иран, според претставник на министерството за нафта на Исламската Република.

„Испораката на нафта кон Велика Британија и Франција е стопирана, наместо нив, ние имаме нови потрошувачи“, вака е цитиран портпаролот на ирачкото министерство за нафта во Техеран на официјалната интернет страница. Натамошни детали притоа не се соопштуваат.

Техеран во последно време зачестено се закануваше со запирање на испораката на нафта за европските земји кои учествуваат во санкциите против Иран поради неговата спорна атомска програма.

Still Video TV Iran Ahmadinedschad Atom Atomprogramm

Иран не се откажува од атомската програма

Министрите за надворешни работи и лидерите на 27-те земји членки на

Европската унија на состанокот од 23-ти јануари во Брисел го одобрија ембаргото за снабдување со нафта од Иран. Како дел од овој пакет санкции, кој се претпоставува дека ќе почне да функционира од 1-ви јули, сите членки на ЕУ ќе треба да го запрат целосно увозот на нафта од Иран.

Најголемиот дел од европските увозот на иранската нафта, околу 68 отсто

отпаѓа на Грција, Италија и Шпанија. Во Грција, уделот на потрошувачката на

„црното злато“ од Иран изнесува 35 отсто.

Инаку, и иранскиот парламент планира донесување закон со кој ќе се забрани извозот на нафта во европските земји кои воведоа санкции против Техеран. Советувањата на оваа тема меѓутоа беа одложени за во март.

Западот го обвинува Иран дека под плаштот на цивилно користење на нуклеарната енергија, тајно работи  на создавање атомска бомба, што Техеран го негира.

Автор: ЖА/СН/дпа/дв

Редактор: Симе Недевски