1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Иран предупредува од драматичен скок на цената на нафтата

Во спорот околу нафтеното ембарго на ЕУ против Иран, официјален Техеран предупреди од голем скок на цената на нафтата. Еден барел набргу би можел да чини 150 долари, предупреди раководителот на државниот нафтен концерн.

default

Иранска нафтена рафинерија

Ембаргото на ЕУ за увоз на нафта од Иран може да ја крене светската цена на нафтата на 150 долари за барел, изјави денеска (29.01.2012) шефот на иранската државна нафтена компанија, Ахмад Калебани. Во моментов инаку цената на еден барел нафта на светските пазари изнесува нецели 100 долари.

Во четвртокот и Меѓународниот монетарен фонд предупреди дека санкциите ќе
доведат до голем скок на цената на нафтата, ако не се најдат алтернативни
извори за набавка на нафта, а нивното предвидување беше 140 долари за барел.

Iran IAEA Herman Nackaerts Abflug

Херман Накаерц, шеф на новата мисија на Меѓународната агенција за атомска енергија во Иран

Како реакција на ембаргото на ЕУ, иранската влада денеска треба да расправа за можно итно запирање на сите испораки за нафта кон Европа. Иако најнапред имаше најава дека парламентот денеска треба да донесе таква одлука портпаролот на Одборот за енергетика во парламентот Емад Хосејни го демантираше тоа: „Се’ уште не е подготвен никаков закон (со кој се забранува извоз на нафта во ЕУ), ниту пак е претставен во парламентот. Засега останува само како идеја на неколкумина пратеници, кои планираат тоа да го спроведат до крај“ , објасни Хосејни.

Инаку денеска во Иран пристигнаа и инспекторите на Меѓународната агенција за атомска енергија. Тие се предводени од шефот на мисијата, Белгијанецот Херман Накаерц и нивна задача е да обезбедат сеопфатна слика за спорната иранската нуклеарна програма.
Пред да замине мисијата во Иран, Накаерц уште еднаш го повика Иран да го
започне дијалогот за нуклеарната програма со меѓународната заедница.

Автор: СН/ АТ/ дпа/ ртре/ миа/ макфакс

Редактор: Александра Трајковска