1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Иран поканет на конференцијата за Сирија

Кратко пред почетокот на меѓународната конференција за Сирија, генералниот секретар Бан Кин Мун на неа го покани и Иран. Сириската опозиција во егзил реагираше со закана за бојкот на средбата.

Поканата до Иран била изречена откако иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Сариф (на фотографијата лево со сирискиот претседател Башар ал-Асад) ја изразил подддршката за конференцијата, соопшти генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун:

„Иран мора да биде дел од решението на кризата во Сирија“, изјави Бан, кој го повика Иран да учествува во мировните преговори за Сирија што оваа недела ќе се одржат во Швајцарија.

Бан рече дека шефот на иранската дипломатија Мохамад Џавад Зариф го уверил дека Техеран ќе одигра позитивна улога во преговорите што треба да доведат до формирање преодна влада во Сирија. Преговорите Женева-2 ќе почнат в среда во швајцарскиот град Монтре.

Сириската национална опозициска коалиција пак соопшти рано утрово дека ќе се откаже од учество во меѓународната мировна конференција за Сирија во Швајцарија на 22 јануари, ако генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун не ја повлече поканата до Иран да учествува во мировните преговори.

Портпаролот на коалицијата ја објави одлуката на Твитер. Во исто време, САД соопштија дека поканата до Иран за учество на конференцијата треба да биде повлечена, ако Техеран не изрази јавно поддршка за договорот од 2012. за преодната влада во Сирија.

Новата конференција се смета за досега најважниот напор на меѓународната заедница да се постигне политичко решение за крај на сириската граѓанска војна. Во речиси тригодишниот воен конфликт се убиени околу 130 илјади луѓе, а милиони Сиријци пред насилството избегаа во странство или во други делови на својата земја.