1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Иран не се плаши од санкции

Денеска истекува ултиматумот што Советот за безбедност на ОН му го постави на Иран за прекин на збогатувањето ураниум.Во Иран на ова реагираат опуштено,без страв од можните санкции.

Атомска централа во Иран

Атомска централа во Иран

Франција и Германија сакаат и натаму да преговараат,вака гласат насловите во повеќе вчерашни ирански весници. Ова цврсто убедување од весниците се пренесува и на голем дел од населението.Нема ни трага од страв од можни санкции или од воен напад:

-Луѓето овде досега се однесуваат нормално.Не сваќаат сериозно многу работи.Тие мислат дека ова е само едно недоразбирање,или дури дека двете страни прават некакво шоу,а тајно соработуваат.Или нешто слично,вели една жена.

Значи,владее еден вид самодоверба.Соодветно на тоа,дури и Техеранската берза во последниве два дена забележа мал,но сепак плус.Од аспект на западот,тоа е регистрирано со чудење.Сосема спротивно на луѓето што таму работат:

-Постои секојдневна промена.Тоа е природно.Но деновиве нема големи осцилации,би рекол дури дека пазарот е посмирен.Секогаш мислиме дека однесувањето на политичарите ги регулира цените,нивното зголемување или паѓање,но сега се остана во рамки.

Причината за тоа е што на раководството во Техеран му успеа атомскиот покер да го издигне во прашање на национален престиж.

Иако конкретните цели на Техеран сеуште се нејасни,а со делумно затскриените постапки на земјата,таа предизвикува недоверба,претседателот Махмуд Ахмадинеџад ја подвлекува законитоста на своето работење:

-Користењето на атомската енергија во мирни цели е неотуѓиво право на иранскиот народ.Народот го реши тоа врз основа на своите легални меѓународни права.Нашиот народ е разумен и мисли на мирот со другите народи.Но,се разбира,не сме потклекнувале на никаква закана или неправедно барање,а тоа нема ни во иднина да го правиме,рече Ахмадинеџад.

Се чини дека тој има поддршка кај народот,мнозинството го поддржува неговиот курс,еве како тоа го изразува еден човек:

-Тие користат атомска енергија,и ние треба да ја имаме.Имаме право на тоа.Нашите научници се подобри од нивните.