1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Иран не се откажува од нуклеарниот процес

*

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад го повтори ставот дека неговата земја не работи на развивање на атомска бомба. На Иран не му е потребна нуклеарна бомба и ваквата политика ја сметаме како непотребна, изјави Ахмадинеџад во интервју за британската телевизија. Тој сака и натаму да продолжи процесот на збогатување на ураниум. Првиот човек на меѓународната агенција за атомска енергија Али Лариџани предупреди од нови санкции доколку земјата не соработува со меѓународните инспектори. Петте постојани членки на советот за безбедност и Германија во текот на наредната недела ќе разговараат за евентуалното заострување на санкциите.