1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Иран не попушта, МЗ на состанок во Лондон

Високи политички претставници на Германија, Велика Британија, САД, Франција, Кина и Русија денеска во Лондон ќе разговараат за спорната иранска нуклеарна програма по одбивањето на Техеран да го запре производството на збогатен ураниум.

Ахмадинеџад

Ахмадинеџад

Се очекува дека следен чекор, по денешниот состанок ќе биде расправа во СБ на ОН следната недела на која ќе се разгледува можно воведување на санкции, иако Русија се противи на ваков чекор бидејќи смета дека е рано за тоа. За да се избегне противењето на Кина и Русија, главните трговски партнери на Иран, се претпоставува дека останатите држави ќе бараат воведување на поблаги санкции насочени кон трговија со нуклеарната технологија, како и можни забрани за патување на иранските претставници кои се поврзани со нуклеарната програма. Иранскиот претседател Ахмадинеџад вчера повтори дека неговата земја нема да биде заплашена со заканите за воведување на санкции.

„Оние кои му се закануваат на Иран со санкции и ембарго треба да знаат дека овој народ живееше под најтешки околности во изминативе 27 години и успеа да ја развие нуклеарната технологија. Оваа земја нема да биде заплашена со закани“, категоричен беше Ахмадинеџад на иранската телевизија.