1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Иран не е погоден од санкциите

Иран се чини не е многу погоден од санкциите кои му ги одреди СБ на ОН. Техеран најави дека ќе продолжи да си ја развива атомската програма

Иранскиот претседател Ахмадинеџад

Иранскиот претседател Ахмадинеџад

За иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад санкциите се само "листови хартија" кои не можат да ја запрат иранската атомска програма. Светските вето сили наскоро ќе зажалат за мерките кои сакаат да ги преземат, рече Ахмадинеџад. Портпаролот на министерството за надворешни работи, Мохамед Али Хосеини изјави дека резолуцијата нема да му го смени зацртаниот курс:

“Резолуцијата опфаќа две точки. Првата е слободно функционирање на нашата атомска програма. За тоа - технолошки гледано - воопшто не ни треба Западот. За вториот дел на којшто се однесува резолуцијата - атомското оружје - ние исто така сме против тоа и го отфрламе од религиозни и хуманитарни причини. Поради тоа резолуцијата воопшто нема да и наштети на нашата атомска програма”.

Главниот преговарач за атомската програма за Иран, Али Лариџани изјави дека сега Иран не само што ќе ја продолжи туку и ќе ја засили атомската програма. И додека иранскиот амбасадор во ОН, Џавад Зариф изјави дека резолуцијата 1737 е “историска неправда”, САД повика на итно спроведување на санкциите со кои треба да се стопира спорната иранска атомска програма. Франција пак го предупреди водството во Техеран од целосна меѓународна изолација.