Иран ќе учествува на конференцијата за обнова на соседниот Ирак. Ова го потврди ирачката влада. На средбата што во идната недела ќе се одржи во египетскиот град Шарм ел Шеик, ќе учествува и американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс. Американско-иранските односи се тешко оптоворени не само поради спорот околу атомската програма на Техеран.