1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Иран критикуван поради смртната казна

Амнести интернешнл упати жестока критика на сметка на Техеран поради смртните казни кои се извршуваат во земјата. Процесите против осомничените се најчесто привидни, критикува организацијата.

default

Организацијата за човекови права Амнести интернешнл жестоко го критикуваше Иран поради праксата на спроведување на смртна казна. Во оваа година во Иран биле извршени повеќе од 600 смртни казни. 488 од погубените биле осомничени курири или трговци со дрога, се вели во извештајот на Амнести интернешнл, објавен во Берлин. Смртните пресуди честопати се донесуваат при нефер процеси, додека признанијата се изнудувале преку измачувања. Посебно погодени во борбата против дрогата биле припадници на етничките малцинства и странци, особено Авганистанци. Според Амнести интернешнл, имало и индиции дека биле извршувани смртни казни врз Авганистанци и без процес.

Автор: АТ/ ЕМФ/ дв

Редактор: Ж. Ацеска