1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Иран и Сирија против американската политика

Сирија и Иран го потврдија одбивањето на американската политика.На крајот на дводневната посета на Иран,сирискиот претседател Башар ел Асад потенцирал, според иранската телевизија ,дека Иран и Сирија ќе се спротистават на сите обиди на Вашингтон за ослабување на фронтот и сојузот на овие земји.

Блиски сојузници:Асад и Ахмадинеџад

Блиски сојузници:Асад и Ахмадинеџад

Иако денешен Техеран тајмс осамна со наслов:претседателите на Иран и на Сирија дискутираат жешки регионални теми,посетата на Башар ел Асад на иранскиот главен град треба да служи во прва линија на јакнење на меѓусебното партнерство.Дамаск важи како тесен сојузник на Техеран а ова е веќе втора посета на сисрискиот претседател од стапувањето на функција на Махмуд Ахмадинеџад.

Двете држави,Сирија и Иран се сојузници не само од времето на ирачкиот напад врз државата на мулите во 1980 година,туку тие важат и како најжестоки противници на оската Вашингтон Ерусалим.Тие на оваа оска и префрлија за заговор против исламските држави.

Целта на американската политика е да ја зајакне позицијата на Израел на сметка на мислиманските земји во регионот,сметаат двајцата политичари.Иранскиот претседател во оваа смисла ги пофали напорите на двете палестински групи Фатах и Хамас за создавање влада на национално единство.