1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Иран и Русија начелно постигнаа договор

Иран и Русија начелно постигнаа согласност околу прашањето кое може да води кон решение на проблемот со нуклеарната програма. Синоќа во Техеран, преставниците на двете земји разговараа за предлогот иранскиот ураниум да се преработува на руска територија.

default

Барем засега детали од разговорите не се соопштуваат. Русија се обидува на Иран да му направи златен мост со кој би се отстраниле сомневањата кај западот за нуклеарната програма на земјата. Иран во рамки на заедничкиот проект во Русија би го префрлил најчувствителниот дел од процесот за производство на нуклеарна енергија, облагородувањето на ураниумот. Сергеј Кириленко, човекот задолжен за атосмкото оружје и нуклеарните постројки во Русија, најави дека за ова прашање има принципиелна согласност:

„ Гледано од наша страна нема веќе ниту организациски ниту финансиски проблеми кои би го попречиле формирањето на заедничка фирма„

Меѓутоа се поставува прашањето дали Иран е подгоптвен да се откаже и од процесот на преработка на ураниум и во домашните постројки? Имено само пред неколку денови со ураниумски гас беа наполнети постројките во Натанз. Русија исто како и западните земји бара Иран да ја затвори оваа атомска постројка. Иранскиот партнер во разговорите, Агазадех беше прилично неодреден по тоа прашање. Вели, има уште работи кои треба да се разјаснат:

„ Не се работи само за формирање заедничка фирма, туку и за многу други фактори кои се поврзани со тоа, меѓу останатото и политичките прашања„

Техеран претходно инсистираше на три работи. Барем во научни цели во мали количества да може да врши преработка на ураниум, потоа иранскитѕе научници да имаат пристап до заедничката фирма во Русија и на крај, ограничувањето да биде временски одредено. Русија до сега трите барања ги одбиваше. Засега не е познатио дали Москва го сменила ставот. Иранецот Агазадех за тоа вели:

„Разговорите наредните денови ќе продолжат во Москва„