1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Иран и МААЕ постигнаа договор

Иран и Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) постигнаа договор, врз кој потпис ставија шефот на МААЕ Јукија Амано и шефот на иранските атомски власти Али Акбар Салехи.

Договорот постигнат во Техеран ги содржи временските термини и станици на идната техничка соработка. Дел од планот е инспекција на реакторот во градот Арак. Посета на воената база Парчин, југоисточно од Техеран, засега не е предвидена. МААЕ сака да ги провери обвинувањата според кои Иран до 2003 година, а можеби и потоа, во Парчин работел тајно на програма за атомско оружје. Техеран категорично ги демантира ваквите обвинувања. Не се знае кога МААЕ би добила дозвола за инспекција во Парчин.

Договорот во Техеран доаѓа само еден ден по преговорите за атомската програма на Иран кои завршија без успех во Женева, а се водеа меѓу петте земји-постојани членки на Советот за безбедност на ОН и Германија од една и Иран од друга страна. По завршувањето на состанокот, високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон најави дека разговорите за спорната иранска нуклеарна програма ќе продолжат на 20. ноември.

Американскиот министер за надворешни работи Џон Кери денеска изјави дека се надева оти договор со Иран ќе биде постигнат во рок од неколку месеци. Кери рече дека е убеден оти таквиот договор ќе го штити Израел.