1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Иран испука повеќе ракети

По вчерашното успешно тестирање на ракети со краток и среден дострел, Иран денеска спроведе тест и на ракетите од типот Сејил и Шабаб-3, со дострел од околу две илјади километри. Што најмногу ја загрижува јавноста?

default

Ракетите се закана за Израел и американските воени бази

Меѓународната заедница е најмногу загрижена поради фактот што Шабаб-3 може да погоди цели во Израел, но и базите на американската војска на Блискиот Исток. Иранските воени власти во неколку наврати најавија дека доколку Израел ги нападне нивните нуклеарни постројки, тие ќе ја искористат ракетата Шабаб-3 за против-напад врз еврејската држава. Како што пренесува новинската агенција Фарс, денешното тестирањето на ракетите со долг дострел било успешно.

Обама: „Ваквото однесување ќе има последици“

Најновите тестирања доаѓаат само неколку дена откако Иран обелодени дека е подготвен да ја пушти во употреба и втората постројка за облагородување ураниум, чија изградба не и` беше позната на светската јавност.

Atomsymbol vor iranischer Flagge

Повторно сомневања околу иранската атомска програма

Ова само уште повеќе ги подгреа сомневањата дека Иран работи на тајна атомска програма. Американскиот претседател Барак Обама говори за сериозно прекршување на меѓународните правила и го предупреди Иран дека ваквото однесување нема да остане без последици: „Раководството во Иран сега може да избере: или да се однесуваат одговорно и да се интегрираат во меѓународната заедница, или во спротивно ќе се соочат со се` поголем притисок и изолација.“

Тестирањето на воениот арсенал е сосема нормално

Портпаролот на иранското министерство за надворешни работи, пак, тврди дека тестирањето на ракетите не е поврзано со новата атомска постројка. Министерството истакнува дека тестовите се во рамки на годишните воени вежби и дека е сосема нормално секоја држава еднаш годишно да ги тестира своите воени способности.

Претседателот Махмуд Ахдаминеџад останува на своето - никој не смее да му се меша во атомската политика. Но, ако пропаднат новите шестстпартитни преговори за иранската атомска програма, закажани за оваа недела, на потег повторно ќе биде Советот за безбедност, кој овојпат ќе воведе санкции против Иран.

Автор: ТТ/ЖА/дпа/афп/дв

Редактор: Александра Трајковска