1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Иран – инспектори

Двајца инспектори на Меѓународната агенција за атомска енергија пристигнаа во Иран за да ги проверат атомските постројки во Исфахан и во Натан. Според иранската новинска агенција Фарс, новите инспектори треба да останат во земјата до крајот на неделава. Портпарол на иранското министерство за надворешни работи, во меѓувреме, уште еднаш ги отфрли барањата за запирање на облагородувањето ураниум.